Ако сте мислеле дека жените се подобри од мажите и дека физичкиот изглед не им е толку важен, многу се имате излажано затоа што ново истражување докажува дека и тоа како жените ги одмеруваат мажите.
Со оглед на тоа дека летотo ни е пред врата, жените на плажа ги одмеруваат мажите исто така како што тие ги гледаат жените, а прво што им доаѓа на очи се мускулите на стомакот.
Втора работа што ја забележуваат кај мажот е неговото лице, а она што дефинитивно ги привлекува е насмевката. По лицето, жените ги одмеруваат рамената и бицепсот.
А кога мажот е потполно облечен жените на него прво ги забележуваат неговите очи. После тоа неговата висина. На првиот состанок жените обраќаат големо внимание на неговите раце, па мажите би требало да се погрижат ноктите да им бидат уредни и скратени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.