Познат брачен терапевт ги објаснува причините за распаѓањето на браковите, кои најчесто ги среќавал во пракса. Еве како жените и мажите си ги уништуваат браковите…

1. Љубовта меѓу мажот и жената обично започнува со вљубеност која никогаш не се претвора во љубов.

2. Мажот ја напушта жената тогаш кога ќе сфати дека веќе не ја сака.

3. Мажот ја напушта жената бидејќи е тип на „патолошки Дон Жуан“ (заводник) кој ги менува жените, несвесно одмаздувајќи им се, најчесто од комплекси поради мајката, поради разни трауматични случувања од детството.

4. Повеќевековниот патријархален тип на жена има една основна цел: да се омажи и да има деца. Сложените и значајни еротско-сексуални страни на брачните односи се занемаруваат.

5. По неколку години брак со деца, жената или комплетно одбива сексуални односи или мрзоволно ги извршува без лично учество.

6. Природното посветување поголемо внимание на новороденото дете од страна на жената во првата година или две, се претвора во понатамошно долгогодишно давање предност на детето во однос на мажот. Мажите стануваат љубоморни на децата, па така бараат поповолна партнерка за брачна или вонбрачна врска.

7. „Кастрирачкиот тип на жена“, слично на машкиот Дон Жуан, несвесно му се одмаздува на мажот така што го уценува или го одбива или глуми во односите во бракот. Слично на одмаздољубивиот маж, и овој тип на жена несвесно му се одмаздува на својот татко поради трауматични случувања од детството.

8. Женското либидо е послабо од машката сексуална желба, пократкотрајно е и во најдобар случај трае до климактериумот. Потоа, почнува да преовладува машкиот хормон и тоа доведува до промени во однесувањето на жената.

9. Постои, поретко, за среќа, трет тип на жени за кои секој полов чин е нешто ужасно, срамно и одвратно. Ваквата жена, и кога го крие тоа од мажот, не е во состојба подолго време да го крие овој недостаток.

10. Постојат тип на жени што сакаат да доминираат во бракот, и тоа на повеќе начини. Кога мажот посериозно ќе му се спротивстави на ваквото однесување на жената, а таа не може да ја промени оваа особина, тој ја напушта.

11. Од разни причини, неуспешниот прв брак (особено ако се случил рано), се заменува со успешен и долготраен втор брак. Мажот или жената што созреале, стануваат успешни индивидуи, па бараат позрел партнер во вториот брак. Доколку жената не созреала за време на бракот, а мажот созреал и обратно, зрелиот партнер веќе нема потреба за симбиоза, па оттука доаѓа до разделба или развод.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.