Ако мислите дека го пали само секси долна облека, црвен кармин, високи потпетици, големи гради… се лажете…
Истражувањата покажаа дека мажите ги привлекуваат и некои работи кои на жените не им се допаѓаат кај себе.
На прво место е лицето без шминка. Без разлика што веројатно изгледате поубаво и се чувствувате посамоуверено дури и со минимум шминка, мажите велат дека „голите“ усни и природниот изглед се неодоливи. Она што најмногу ги одбива е бакнежот со многу кармин на усните, но и лице со слоеви пудра.
На второ место е стомакот, а не стомачните. Мажите не лудуваат по женски „плочки“ туку по стомак кој изгледа природно бидејќи им кажува дека имаат работа со опуштена личност која не е оптоварена со нејзиниот изглед.
Ниту бујните гради не се на приоритетната листа. Без разлика дали тоа е поради верувањето дека жените со мали гради се пожешки или поради тоа што генерално се поцврсти и „постабилни“, само малите гради се навистина, навистина секси за многу мажи.
Кога сме кај градите, драги дами, знајте дека гаќичките и градникот не мора секогаш да одат заедно. Имено, секси долна облека значи дека жената која ја носи се подготвила за секс. Облеката која е „обична“ значи дека мажот успеал да ја заведе спонтано и неочекувано.
Некои мажи ги привлекуваат жени кои носат очила. Меѓу најчестите машки фантазии се учителките и докторките. Зошто? Можеби причината е што само вистински маж може да ги „разоружа“ таквите „строги и опасни“ дами.
И конечно – боси нозе. Штиклите се ок, но босите стапала на жената се знак дека е природна, опуштена, дива…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.