Психологот Михаил Лабковски после 30 години искуство во пракса и 20 години работа на радио и телевизија, интригира со своите изјави и совети.

Михаил Лабковски неретко дава совети за некои од најчестите проблеми на денешницата, па така имал порака и за понежниот пол.

Жени, зошто сте сами и без маж на четириесет години? Затоа што се плашите од врска. Тато и мама многу често се расправаа, а потоа се разведоа? Не е изненадување што со толку тешко искуство, ако несвесно, тогаш секако потсвесно, ќе почувствувате дека односите се само болка, гнев и страв. Затоа што се плашите од мажите, зборувал психологот.

Потоа додал: „Друга типична ситуација: ако тато бил агресор и ве „воспитувал“ со ремен, или доколку поранешниот партнер ве понижил, пружил болно искуство – голема е веројатноста дека ќе пораснете со страв од спротивниот пол. И тоа е сосема природно. Наметнати ви се многу непотребни, невистинити тврдења: дека никој нема да ве сака или дека сте достојни само за принц, дека бракот е секојдневна измачувачка работа, дека сите мажи се „кретени“, или дека жената мора да им се покорува на тие „кретени“. Знаете, ниту јас тогаш не би избрзувал во врската.

Ако татко ви го напуштил семејството и не ве гледал додека растете: Кажете ми, која би сакал да се врзе за маж, да го сака и почитува, знаејќи дека тој е способен да си замине без ниту еден збор? Сите овие околности водат до тоа никогаш да не сакате да се поврзете со некој човек. Навистина, постои едно „ама“ – некој одбира да живее во сопствените психотрауми, а некој одлучува да преземе нешто во врска со тоа. А треба да направите само една едноставна работа: да барате некој кој ќе ви пружи само среќа, објаснил Лабковски.

Потоа додал: „Ова се прави преку обиди и грешки. Мора да запознаете некого, а ако тој прави работи што не ви се допаѓаат, доколку не ви е комфорно со него – едноставно кажете му. Дали и покрај тоа ситуацијата се повторува? Испратете го тој човек онаму „каде што сонцето никогаш не изгрева“ и најдете друг. На крајот ќе запознаете некој, покрај кој ќе бидете среќни.“

Психолот дал и совет како да се справите со тоа: „Стравот од врските и мажите се елиминира со излегување на состаноци, комуникација со спротивниот пол, не плашејќи се дека нешто би тргнало наопаку и спремни сте на веројатноста дека првиот обид ќе биде „несовршен“.

Постојат луѓе на кои навистина не им е потребна врска, ниту партнер. Тие си се доволни самите. За волја на вистината, многу од нив својата среќна и избрана осаменост ја оживуваат како проблем само затоа што вакво нешто е исклучок од правилото, затоа што се малцинство и мислат дека се „лоши‘“ и погрешни“. Запомнете: Доколку уживате во самечкиот живот, во тоа нема апсолутно ништо лошо, порачал Лабковски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.