Ако барате начин да се ослободите од стресот и анксиозноста, слушањето музика може да ви помогне.

Сепак, тоа не е било која музика. Имено, невромаркетинг компанијата „Мајнлаб интернешнл“ (Mindlab International“ направила студија во која учесниците во истражувањето решавале предизвикувачки загатки додека слушале музика. На списокот имало 10 песни, а научниците ги користеле податоците снимени во сензорот за да ги измерат промените во отчукувањата на срцето, крвниот притисок и дишењето на испитаниците.

Истражувањата покажале дека песната „Weightless“ на Маркони Јунион ја намалува анксиозноста за дури 65 проценти, а песната го држеше првото место со години.

Сепак, во моментов, таа песна е надмината од „Strawberry Swing“ од Колдплеј, која до неодамна го држеше петтото место на листата на песни кои го намалуваат стресот, пренесува „Индекс“.

Ова е целосната листа на песни кои помагаат за намалување на стресот:

10. „We Can Fly“ – Rue du Soleil (Café Del Mar)

9. „Canzonetta Sull’aria“ – Mozart

8. „Someone Like You“ – Adele

7. „Pure Shores“ – All Saints

6. „Please Don’t Go“ – Barcelona

5. „Watermark“ – Enya

4. „Mellomaniac (Chill Out Mix)“ – DJ Shah

3. „Electra“ – Airstream

2. „Weightless“ – Marconi Union

1. „Strawberry Swing“ – Coldplay



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.