Станува збор за централното основно училиште „Христо Узунов“ во Другово, Кичево, каде што учат 126 ученици од 10 околни села. Во двата периферни објекти во склоп на ова училиште, во Србјани учат 12 ученици, а во Брждани само 2 ученици, додека училиштето во село Подвис е затворено, објави ТВ 21.
Бројот на ученици се намалува од година во година и тоа претставува закана за нивно затворање.
Сега за сега директорката Билјана Стевановска Ангелеска вели дека не се знае дали и училиштето во село Брждани ќе биде затворено.
Намалувањето на бројот на ученици се случува поради големата миграција во последните години и нискиот наталитет, но друга причина е непочитувањето на реонизацијата на училиштата, бидејќи многу родители ги испраќаат своите деца од село во градските училишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.