Денес, православните верници ја слават славата посветена на браќата Козма и Дамјан, светци кои народот ги смета за заштитници на медицинската професија, поради што се нарекуваат Свети лекари.

Многу здравствени установи ги слават овие светци и лекари како заштитници на својата професија, иако Светите лекари не се запишуваат во календарот со црвена боја и постот не е задолжителен.

Според легендата, светците помогнале и лекувале без да побараат ништо за возврат „заради придобивка и збогатување, но заради Бога“.

Тие не ги разликувале нивните пациенти според националноста и религијата. Единствено што барале за возврат од своите пациенти било да не го кажуваат залудно името Христос, дури и ако не сакаат да го прифатат христијанството.

Именден празнуваат: Кузман, Кузе, Дамјан, Даме…

Обичаи

Во народниот живот овој празник повеќе го празнуваат оние што се занимаваат со народна медицина: лекување, баење, лекување со билки итн. Тие на овој празник не работат зашто во спротивно нема да им фати лекот.

По народното верување утре не би требало да се работат тешки работи и да се излегува од дома без некоја поголема причина.

Христијаните на овој празник се посветуваат на молитва за болните и избегнуваат физичка работа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.