Од планината Водно денеска ќе биде означен официјалниот почеток на пролетниот дел од досега најголемата акција за чистење и пошумување во земјата „Генералка викенд 2022″, што до 8-ми мај ќе се спроведува во 26 општини ширум земјата.

Во масовна чистка на ѓубрето во цела Македонија се приклучија 26 општини на ентузијастите од проектот „Зелена сончева“ што го спроведуваат Гордана Софија и Ханес Јаецкл, продуцент од Австрија кои ја основаа австриско-македонската компанија „Мен енд маунтен“.

„Генералка викенд“ е најголемата акција за чистење и селектирање отпад, а во акцијата може да се вклучи буквално секој кој се грижи за здрава и чиста животна средина без ограничување на возраста.

Минатата година во три дена, во десет општини, собрани се 175 илјади килограми отпад што, ако се земе предвид дека за секои десет килограми се сади по едно дрво, значи тоа биле 17 500 садници, велат организаторите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.