Манифестацијата „Градско, храна, вино и традиција“ по повод Павловден- патронот на Градско и оваа година ќе се одбележи во срцето на Македонија.

Организаторите на програмата најавуваат богата музичка програма. Љубителите на храната и виното, но и добрата забава на 12 јули со почеток во 20.30 часот ќе ги забавуваат Петар Грашо, Либеро бенд, Жаре Бербер и Спасен Силјановски. На шеталиштето присутните ќе можат да дегустираат квалитетни вина од десетина врвни винарии од Винскиот пат кој поминува низ Градско.

Манифестацијата ќе ја води водителката Маријана Станојковска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.