Забрането е пливањето на плажата во Ичиќи кај Опатија во Хрватска.

Откако повеќе граѓани пријавија загаденост на морето, Институтот за јавно здравје на Хрватска во своите анализи утврди дека на почетокот на плажата, во близина марината, количината на бактеријата ешерихија коли е поголема од дозволената, пишува „Дневник.хр“.

Резултатите од понатамошните тестови ќе бидат објавени на веб-страницата на институцијата и на социјалните мрежи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.