Најнеобична заплена имала царинската полиција на аеродромот на тајванскиот остров Кинмен, кога запреле жена која чудно се движела.

Шеесетгодишната жена се враќала од Кина, а обезбедувањето забележало дека таа чудно оди. Ја запреле за да проверат што е проблемот, а претресот сосема ги изненадил кога погледнале што носи под здолништето.

На нозете ѝ биле залепени 24 гербили, вид на глодари, кои ги сокрила во кеси.

Жената пред полицијата тврдека дека ги шверцува глодарите како подарок за пријатели и дека ги купила во продавница за миленичиња во Кина. Сепак, властите веруваат дека таа била испратена од шверцерската мафија да ги тестира перформансите на персоналот за безбедност на овој аеродром.

За жал, глодарите биле успиени по заплената.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.