Погледнете детален преглед на цените на бензинот од 95 октани и еуродизелот, во земјите каде туристите од Македонија најчесто патуваат со автомобил за време на пролетните празници, како и совети за тоа како да се намалат трошоците за гориво на минимум.

Црна Гора

Бензинот од 95 октани во Црна Гора и чини 1,64 евра, додека цената на еуродизелот- 1,48 евра.

Ако одите на црногорското крајбрежје преку Босна и Херцеговина, ви препорачуваме да го наполните резервоарот во Република Српска, бидејќи на тамошните пумпи основниот бензин и еуродизелот може да се најде за 1,32 евра.

Грција

бензинот БМБ 95 во просек чини 1,98 евра, а дизелот 1,71 евро.

Унгарија и Австрија
Бензинот БМБ 95 чини 1,63 евра, а еуродизелот 1,64 евра.

Хрватска, Словенија и Италија

Доколку патувате во Хрватска, Словенија или Италија, се препорачува да наполните еуродизел  во Хрватска (1,45 евра), додека цената на бензинот во Хрватска и Словенија моментално е идентична – 1,56 евра.

Во Словенија има посебни, значително повисоки цени на горивата на пумпите покрај автопатите, па ако наполните гориво, направете го тоа на бензинска пумпа во некој од блиските градови.

Во Италија  бензинот е 2,01 евро, а дизелот 1,89 евра.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.