Пандемијата сè уште трае, а правилата се менуваат. Како што стојат работите, само вакцинацијата наскоро нема да биде доволна за патување, туку ќе биде потребна потврда за вашата засилена доза за влезете во посакуваната дестинација. Во последните неколку недели сè повеќе земји ги сменија правилата за влез и бараат од меѓународните патници засилена доза.

Европската комисија го ревидираше дигиталниот сертификат за коронавирус на ЕУ, па сега овие пропусници важат 270. дена, освен ако нивната важност не се обнови со засилена доза.

Ви претставуваме земји во кои се влегува со бустер доза.

Австрија
Претходно, сертификатите за вакцини важеа 12. месеци, но австриските власти ги променија прописите на почетокот на декември. Сега, доказот за вакцинација со две дози е само девет месеци од последната доза, но може да се обнови доколку примите трета доза.
Официјалните лица, исто така, одлучиле дека вакцината Џонсон и Џонсон нема да биде признаена доколку поединецот не прими засилена доза.

Хрватска
Хрватска смета дека сертификатот за вакцинација од две дози е истечен доколку поминат повеќе од 365. дена од последната доза. Информациите за бустер дозата не се јасно наведени, но претпоставуваме дека таквите правила ќе наведат многумина да ја земат бустер дозата пред да заминат за Хрватска.

Франција
Патниците ќе треба да имаат трета доза за да влезат ако поминале четири месеци или повеќе од втората доза. Правилото стапува на сила на 15. февруари.

Грција
Почнувајќи од февруари, Грција ќе им дозволи влез само на патниците кои примиле втора доза во последните седум месеци, освен ако не примиле и засилена доза.

Исланд
Исланд ќе „прими“ само патници кои биле вакцинирани со две дози во последните девет месеци, освен ако не ја примиле третата доза.

Израел
Патниците кои сакаат да одат во Израел ќе треба да се вакцинираат со втора доза не повеќе од 180. дена пред патувањето, освен ако не се вакцинирани и со дополнителна доза од вакцината

Холандија
Американците од 2. февруари ќе можат да ја посетат Холандија без карантин, под услов претходно да се вакцинирани со третата доза од вакцината. Оние кои примиле само две дози ќе мора да бидат во карантин 10 дена.

Шпанија
Без бустер доза, сертификатите за Ковид се сметаат за валидни само 270. дена (девет месеци) од последната доза.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.