Барселона ќе ја зголеми туристичката такса за патниците кои пристигнуваат со прекуокеански бродови и остануваат во градот помалку од 12 часа, изјави денеска градоначалникот Жаиме Колбони.

Тој изјави дека туристичката такса за патниците од крузерите во моментов изнесува седум евра дневно, но не прецизираше за колку таа сума ќе биде зголемена, освен дека поскапувањето ќе биде значително.

Во случај на застанување и престој на туристите помалку од 12 часа, јавниот простор се употребува без каква било корист за градот, а граѓаните се чувствуваат окупирано. Сакаме туристите да ја почитуваат дестинацијата во која доаѓаат, изјави Колбони за „Ел Паис“.

Ова е последно во низата поскапувања и рестрикции кои властите на шпанскиот град ги воведуваат со цел намалување на масовниот туризам. И покрај тоа, неодамна граѓаните со пиштоли на вода ги прскаа туристите кои ручаа или пиеја кафе во локалите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.