Во екот на главната туристичка сезона, Туристичката инспекција во рамки на Одделението за инспекциски надзор при Општина Охрид има зголемен обем на работа и покрај редовната контрола на туристичките објекти, редовно се контролираат и туристичките водичи, кои водат организирани групи гости.
Во последниот период, како дел од теренските активности, во повеќе наврати туристичките инспектори констатирале непочитување на Законот за туристичка дејност и нелиценцирани туристички водичи, кои водат групи на разглед во Охрид, информираат од Општина Охрид.
Со цел да се спречи ваквата појава и да се избегне изрекување на казни, се упатува апел до сите странски туроператори, домашни туристички агенции, сместувачки капацитети и други туристички чинители, кои носат туристички групи на разглед на археолошките локалитети и другите знаменитости во Охрид, задолжително да користат услуга од лиценциран туристички водич, потенцираат.
Посочуваат дека очекуваат од сите вклучени во туристичките дејности да работат согласно законските прописи со цел да се зачува имиџот на Охрид како атрактивна туристичка дестинација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.