Британскиот „Which?“ спроведе истражување анализирајќи повеќе од 4.500 аранжмани кои сè уште се достапни за резервација ова лето преку нивните туристички агенции. За нив трите најевтини дестинации за одмор во Грција се островите Калимнос, Тасос и Лефкада.

Просечната цена на најевтиниот пакет аранжман во Калимнос е околу 927 евра по лице за 7 ноќевања.

На второ место е Тасос со 1006 евра по лице и Лефкада со околу 1091 евро по лице.

Овие аранжамни за британските туристи вклучуваат превоз и престој.

За македонските граѓани, пак, пакет-аранжманите во агенциите за Тасос и Лефкада, кои се едни од омилените дестинации во Грција, се со далеку попристапни цени поради нивната близина до Македонија.

Калимнос за нас е помалку познато одморалиште, најмногу поради неговата далечина. Овој мал остров е еден од најважните во групата Додеканези во источна Грција и е полн со затскриени заливи, сафирно море, планини и шармантни гратчиња. До Калимнос се стига со 40-минутно возење со брод од Кос, најблискиот грчки остров на кој има аеродром.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.