Порталот Грчко катче, основан од три Србинки омажени и преселени во Грција, споделува кои се нивните препораки за семејствата со деца кои ќе летуваат на Халкидики. Тука предвид се земени различните услови за едноставен ден на плажа со деца, вклучувајќи места за изнајмување чадори и лежалки, плажи со плитка вода, како и близина на кафулиња и ресторани.

Плажа Ковиу, Ситонија

Плажата Ковиу на вториот крак, се наоѓа на околу 5 километри јужно од Никити. Се карактеризира со бел песок и кристално чиста, плитка вода, што ја прави идеалена плажа за деца од сите возрасти.

Има и кафуле, а голем дел од плажата е со природна сенка, што е дополнителна погодност за семејствата. Потребно е да се нагласи дека нема многу паркинг места, затоа се препорачува да се дојде на плажа рано наутро.

Плажата во Сарти, Ситонија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Alexandra Darras (@alexandra_darras)


Сарти се наоѓа на источниот брег на вториот крак и има голема плажа со мек златен песок и плитка вода, идеална за мали деца. Сарти е вистински туристички град со многу сместувачки капацитети, кафулиња и ресторани, а плажата е на само неколку минути пешачење од сите нив.

Плажата е многу добро организирана со лежалки и чадори, но има и голем дел каде што може да  постави ваша опрема. Единствениот проблем се брановите кои се чести на оваа плажа, но доколку изберете време кога нема бранови, уживањето на оваа плажа е загарантирано.

Плажата во Ханиоти, Касандра

Ханиоти е мало одморалиште на првиот крак на Халкидики. Оваа плажа е многу популарна кај семејствата бидејќи има фин песок и длабочината во морето оди постепено.

Во близина има многу кафулиња и ресторани, а лежалките и чадорите се достапни за изнајмување. Ханиоти е вистински семеен рај, со многу активности за децата.

Плажата кај Пефкохори, Касандра

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @wonderful_halkidiki


На југоисточниот брег на Касандра, на околу 1км од одморалиштето Пефкохори, се наоѓа прекрасна плажа. Оваа долга песочна плажа е совршена за семејства со деца, со топла, плитка вода и широк спектар на спортови на вода.

Покрај плажата има и кафулиња и ресторани во кои можете да се освежите и да уживате во вкусните грчки специјалитети.

Плажата Вурвуру, Ситонија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Stefanos Ouzounis (@surf_vourvourou)

Оваа плажа е позната по својата убавина, кристално чиста вода и бел песок. Вурвуру се наоѓа на источниот брег на Ситонија, околу 12 километри јужно од Никити.

Оваа плажа е идеална кога станува збор за семејства со деца, бидејќи водата останува плитка на долги растојанија од брегот. Има многу можности за изнајмување чамци и истражување на блиските острови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.