Семејство од соседна Србија кое тргнало на одмор во Грција со автомобил се соочило се непријатно изненадување на границата со Македонија во Прешево, од каде биле приморани да се вратат бидејќи имале неплатена казна во еден од 44-те судови за прекршоци во Србија, пишува српски „Блиц“.

Според весникот, поради канза од општинската полиција, сообраќајната полиција и „Паркинг службата“ кои не оставаат казни за непрописно паркирање на автомобилите, голем дел од граѓаните дури на граница дознаваат дека имаат неплатен прекршочен налог, односно неплатена казна.  Поради ваквата состојба, има повеќе примери на граѓани кои се вратени од граничната полиција, а имало ситуации кога патници биле „отстранети“ од лет поради неплатена казна.

Се случи целото семејство да замине со автомобил на одмор во Грција и да биде запрено во Прешево и вратено назад поради неплатена казна во еден од 44-те судови за прекршоци во Србија. Тоа семејство потоа мораше прво да најде суд каде има казна, па дури потоа да ја плати казната, за врз основа на доказот за плаќање на казната, наредбата да биде укината, раскажа претседателката на Прекршочниот суд, Оливера Ристановиќ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.