По 180 години откако беше прогласен за прекуморска територија на Обединетото Кралство, Гибралтар денеска официјално доби статус на град.

Британската прекуморска територија аплицираше за статус на град претходно оваа година во рамки на платинестиот јубилеј на кралицата, но кога истражувачите го разгледаа Националниот архив, открија дека тој веќе бил признат како град во далечната 1842 година, јави Би-Би-Си.

Статусот на Гибралтар како град е практично повторно потврден, што британскиот премиер Борис Џонсон го опиша како „огромен комплимент“ кој ја слави „богатата историја и динамика“ на ова место.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.