Дел од хотелите на охридското крајбрежје кои имаат сопствени плажи наплаќаат за лежалки и на своите гости сместени во хотелот, пренесува „Скопје инфо“, пренесувајќи поплаки од туристи сместени во хотел со „ол инклузив“ услуга.
Бевме изненадени кога ни побараа да ни наплатат за лежалките на хотелската плажа, а бевме сместени во хотелот на база „all inclusive“. За нас, цената за една лежалка е 150 денари, додека за другите гости 300 денари. Се наплаќа и влезот за хотелскиот базен, реагира една гостинка на познат хотел во Охрид.
Додава дека не е во ред, затоа што се подразбира дека кога сте сместени во хотел дека бесплано ќе ја користите и плажата во склоп на хотелот, и/или базенот.
Повеќе на „Скопје инфо“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.