Туристите речиси секојдневно се жалат на високите цени во Хрватска, особено на Јадранот.
Иако домаќините ги советуваат да ги проверат цените во ценовникот пред да нарачаат, изгледа дека се непријатно изненадени дури после ручекот…
Младата туристка Теона од Њујорк објави на TikTok и Instagram како била шокирана од сметката на Хвар. Според неа, таа по професија е блогерка која пишува за модата, убавината и патувањата.
Сметката изнесуваше 402,42 евра. Ја пофалила храната како одлична.
„Еве што се случува кога ќе ја прифатите препораката на келнерот за мезе и главно јадење. Тој не праша и колку сме гладни, а ние рековме дека не сме премногу гладни. Се прашувам колку ќе беше сметката ако кажевме дека сме гладни“, коментира разочараната њујорчанка. Сепак, таа го пофали сместувањето на Хвар како и самиот остров и напиша препораки.
„Градот е прекрасен. А Јадранското море е прекрасно сино“, покрај Хвар ги посетила и Корчула и Дубровник.
Додека дел од корисниците на социјалните мрежи се согласија со неа дека цените се претерани, имаше и такви кои ја критикуваа.
„Седнавте во сред сезона во познат ресторан на врвна локација, јадевте половина од чудата на морето, а потоа се чудевте на сметката – е еден од коментарите. Други додаваат дека никогаш не отишле во ресторан во нивниот живот без да го погледнат ценовникот.
Па, тоа не вреди ни 50 евра“, ѝ напишал еден турист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.