И Црна Гора ќе ги казнува туристите кои оставаат крпи но, и пластични шишиња на плажите. За прекршителите предвидени се високи парични казни.
Локалната управа на Тиват соопшти дека нема да толерира таква појава и упати апел до граѓаните да не оставаат предмети на плажите бидејќи предвидени се казни од 100 евра за физичко и до 7.000 евра за правно лице.
„Војна против узурпаторите на плажите“ се води и во Хрватска. Во далматинскиот град Градац, општинските работници секое утро упорно отстрануваат крпи и друга опрема.
За оние кои ги прекршуваат овие правила се пропишани казни од 80 до 200 евра и до 1.300 евра за правните лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.