Во Грција е забранет увозот на месо, млеко и млечни производи. Тоа значи дека во Грција не можете да однесете на море виршли, шницли, шунка, сирење, млеко, јогурт, павлака… Исто така, не е дозволено да се земаат варени и пржени јадења и расиплива храна.

Граничниот службеник има право да ви ја одземе оваа храна и да ја фрли, предупредува веб-страницата „Грчкаинфо“.

Може да земете до 5 килограми свежо овошје и зеленчук, освен компири, до 2 кг бебешко млеко во прав или храна за бебиња или храна за посебни потреби, како и до 2 кг храна за домашни миленици.

Moжете да понесете и  ориз, кечап, готови оброци, макарони, бисквити, чоколадо, вода, сокови, се додека вредноста на овие намирници не надминува 300 евра по патник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.