Иако дел од производите и услугите, следејќи ги светските трендови на поскапување, се поскапени и во Грција, сепак првите македонски и српски туристи на грчките одморалишта годинава велат дека цените не се толку шокантни колку што очекувале.
Своите искуства ги споделуваат со најголемата група за поддршка „Live from Greece“.
Гирото е поскапено насекаде, а цените за гиро-пита се движат од 3.50 до 4 евра, во зависност од местото, додека порцијата е поскапена за евро, до евро и половина, па најчесто може да се најде за 7 евра.
Пивото на плажа, пак, засега е со истите цени од лани, па може да се најде и за цена од 3.50 евра.
Лежалките засега се бесплатни и следат со консумација.
Блогот „Никана“, пак, направи листа на цени од поголемите маркети:
Леб 0.7-2€
Mлеко 0.90-1.60€
10 јајца 2-3€
Грчки јогурт (пакување од 3) 2-3€
Фета 1кг 9.5-10.5€
Mаслиново масло 4-5.6€
Maслинки рефус 4.80-7€
Сончогледово масло 2.70€
Брашно 1кг 1.35-2€
Јунешко мелено месо 500гр. 4.5-5.5€
Пилешки стек 1кг 9€
Кашкавал гауда 7.5-9.5€
Шунка од 4.7€
Вода 1,5л 0.23-0.4€
Вода пакет 1.2-2€
Фанта 1,5л 1.5€
Кока-кола 1,5л 1.5€
Бело вино oд 3€
Црно вино oд 3€
Пиво голема лименка 0.9-1.45€
Узо 7дл 6.8-11€
Сладолед во кутија од 2€
Kафе 100г 1.15-1.70€
Домати 1.9-2.5€
Пиперки 2-2.5€
Кромид 0.65-0.80€
Компири 0.9-1.5€
Јаболка 1-2€
Круши 2.2-4€
Лимони 1.22€
Банани 1.5-1.8€
Портокали 0.8-1.5€
Лубеница 1.9€
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.