Еден од членовите на групата „Грчка инфо“ сподели корисни совети за сите туристи кои планираат да возат низ Грција.
Сезоната почна, има гужви, нервоза, се случуваат дефекти, измами и сè што оди заедно со зголемената концентрација на сообраќај. Возам активно 25 години, поминав десетици илјади километри во странство, од кои над 25 со автомобил низ Грција. Имам одредени насоки за однесување до кои се придржувам и можеби некој нема да се согласи со мене, а можеби некому ќе му помогне…“, пишува член по име Немања и сподели корисни совети:
1. Секогаш гледајте да имате барем половина резервоар гориво, штом ќе стигне на половина, наполнете го
2. Гледајте секогаш да возите по автопат, ќе стигнете побрзо и ќе го сочувате автомобилот (амортизацијата е сведена на минимум)
3. Не турајте гориво со адитив во слабите автомобили, тоа прави повеќе штета отколку корист
4. Патувајте кога можете, т.е. кога ви одговара, подобро е да влезете во сообраќаен метеж отколку да не стигнете до вашата дестинација (некој не може да вози ноќе, а сака да ја избегне гужвата и седи зад воланот уморен)
5. Во текот на ноќта, не застанувајте за никого, дури ни за полиција, на неосветлени или оддалечени локации. Возете до првата бензинска пумпа или постојка за одмор, а потоа видете за што се работи.
6. Внимавајте на сообраќајните правила бидејќи камерите не можат да се поткупат
7. Секогаш одржувајте растојание од другите возила
8. Пред патувањето проверете го маслото во моторот, маслото во сопирачките и гумите
9. Правете паузи на секои 3-4 часа!
10. Имајте во автомобилот клучеви 17 и 19, ПП уред, резервно тркало и неколку литри вода за ладилникот и доволно вода за пиење
11. Сите можни резервни осигурувачи (знам дека се подразбира, но вреди да се повтори)
12. Задолжително понесете резервен клуч од автомобилот
13. Намалете ја нервозата што е можно повеќе, контролирајте ја возбудата, зголемете ја толеранцијата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.