Словенската агенција „Аглаја“, прва сертифицирана агенција за спојување на самци на Балканот, следниот месец организира крстарење за хомосексуалци во Далмација.
Како што пренесува „Слободна Далмација“, сопственичката Милена Плешко веќе подолго време помага во запознавање и поврзување на самци во хетеросексуални врски, а сега решила својата понуда да ја прошири и на ЛГБТ заедницата.
Плешко вели дека услугите што ги нуди се етаблирани низ Европа и дека доста луѓе ги користат за си го најдат својот животен партнер.
Јас лично го познавам секој мој клиент, како и нивниот начин на живот, желбите, очекувањата… Во процесот на создавање на партнерство со друго лице, како експерт ги охрабрувам и ги советувам, помагам и им давам поддршка за спојувањето да успее. Овој модел на спојување се заснова на уникатен спој на психолошки принципи и професионални совети, што ми овозможува прецизно да ги идентификувам вредностите и целите. Со избраниот пристап ги одредувам најсоодветните кандидати кои ги исполнуваат најстрогите барања на клиентот, рече таа.
Крстарењето по Далмација започнува на 10 јуни, а завршува на 17 јуни.
Плешко ветува „фантастичен натпревар по влажни маички“, вечери за брзи состаноци, како и вечер на отворена сцена, каде патниците ќе ги покажат своите таленти преку „танц, песна или некои други сценски вештини“.
Планираме и многу лимбо танцување, како и многу тимски игри во вода како натпревар во најубав скок во вода, но и специјално планирани, таканаречени, капитенски вечери, каде што ќе можете да се танцува и да се вкусат специјалитети и да се ужива во нежната далматинска музика, храна и пијалок, рече таа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.