Грција

Грција ќе го дочека , но и ќе го испрати месец јуни со речиси пролетни температури. Така, во Ханиоти првата половина од месецот ќе биде со температури од 23 до 26 Целзиусови степени, додека втората половина од месецот ќе биде со малку повисоки температури, но со многу облачни денови. Температурите од средината до крајот на јуни ќе достигнат до 28 степени, а и покрај облачноста небото над Ханиоти ќе одолее на дождот.

Кога станува збор за Пефкохори, слободно може да се каже дека времето е речиси идентично со она на Ханиоти, но барем половина од месецот ќе биде „во облаци“, поточно деновите кои ќе бидат променливо облачно.

Паралија во втората половина на јуни ветува температури кои ќе се движат и до 30 степени, додека првата половина од месецот ќе ја одбележи променливо и нестабилно време со врнежи од дожд. Сепак, врнежите не треба да бидат интензивни, а најниските 23 степени се очекуваат во првите денови од месецот.

Турција

Јуни ветува добро време во поголемиот дел од оваа земја, па Кушадаси ќе може да се пофали со најниски 27 степени во првите денови од месецот. Првата половина на јуни ќе гарантира до 31 Целзиусов степен, а во втората половина од месецот температурите нема да се спуштат под тоа и ќе се искачат до 33 степени. Во тој период може да се очекуваат само три променливо-облачни денови.

Во Мармарис првата половина на јуни ќе биде променливо облачно, со температури од 26 до 29 степени, а во втората половина со помалку облачни денови со температури од 30 до 31 степен. Аланија во јуни ќе понуди речиси идентични временски услови, со можност за дожд само во два од 30-те денови овој месец.

Кога станува збор за цела Анталија, јуни лесно би можел да се нарече вистински летен месец, со температури од 28 до 30 степени веќе во првата половина. До крајот на јуни температурите ќе достигнат до 34 степени со речиси без облачни денови.

Според метеорологот Марко Чубрилo, на почетокот на летово, во текот на јуни, не се очекуваат рани периоди со многу високи температури.

Површината на морето на Јонското, Јадранското и Егејското Море нема да се загрее толку брзо, особено на островските одморалишта на овој дел од Европа. Температурите на водата не би биле многу ниски поради релативно топлата зима, но сепак би биле малку под просекот. Во близина на брегот, каде што морето е поплитко, ќе биде идеално за пливање. Кога станува збор за брегот на Турција и Северна Африка (Египет), крајбрежните области каде што морето е поплитко веќе ќе имаат температури на водата од околу +24 степени Целзиусови, особено во вториот дел на јуни, откри за „Блиц“ професорот Чубрило.

Црна Гора

Кога станува збор за Црна Гора, временската прогноза за повеќето места изгледа прилично оптимистичка. Тоа значи дека температурите во првата половина на јуни ќе се движат од 22 до 27 степени за повеќето места, како Бар, Будва, Херцег Нови, Котор. Втората половина од месецот ќе ја одбележат температури од 25 до 29 Целзиусови степени.

Важно е да се напомене дека Будва ќе биде под знакот на облачност и дожд речиси цел месец, со тоа што првата половина ќе има повеќе врнежливи денови.

Хрватска

Во Хрватска според првите долгорочни прогнози ќе биде облачно но без врнежи. Во Ровињ во првата половина на јуни се очекуваат температури од 22 до 25 степени, а во втората половина од месецот од 25 до 27 степени. Дубровник ќе биде малку потопол со температури кои од првите денови на јуни ќе се движат околу 27 степени, а до крајот на месецот може да се очекуваат и 29 степени со многу облачни, но суви денови.

Кога станува збор за Пореч и Хвар, температурите ќе се движат од 21 до 25 степени во првата половина на месецот, а од 25 до максимални 26 степени во втората половина. Ќе има многу облачни денови, но без врнежи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.