Постојат неколку верзии зошто рускиот главен град се нарекува Москва. Според една од нив, името на градот имало два корени – „моск“ (камен) и „ков“ (крие). Затоа, зборот „Москва“ може да се преведе како „камено засолниште“ и ова име на градот потоа било префрлено на реката што минува низ него.
Сепак, повеќето историчари веруваат дека реката, а не градот, прва го добила името и има причини за тоа.
Според една легенда, зборот „Москва“ воопшто не е руски, туку фински, а во Русија е дојден од древни времиња кога на бреговите на истоимената река сè уште живееле бројни фински племиња. „Моск“ се преведува како крава или мечка (не се знае со сигурност), а „ва“ значи вода.
Друга легенда, пак, вели дека името на реката, преведено од старословенски, значи мочурлива област или влажност. И двете верзии имаат веројатност, затоа што главниот град на Русија навистина е основан на мочурливо место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.