За време на одморот на островот Менорка во Шпанија, туристот Антонио Барбеито бил разочаран кога погледнал што сакаат да му наплатат во рибниот ресторан каде заминал на луксузна вечера. Таму вечерата го коштала 250 евра, но го изнервирала една банална ставка од сметката. Тој порачал јастог, тартар од ракчиња, пржени лигњи, школки, сладолед, сода и кафе.

Но, од кожа го извадило дека на сметката имало за наплата и чаша мраз, за која требало да плати 2,75 евра. Тој напиша дека тоа е крајно безобразно.

Тој рече дека сака да патува во својата земја и да ги поддржува локалните ресторани, но не му се допаѓаат овие практики. Имено, проблематично е што рестораните генерално се трудат да го извлечат секој денар од туристите, особено на попопуларните места каде посетеноста не зависи толку од квалитетот на услугата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.