Најмалку едно лице е повредено во Турција кога автобус со српски туристи доживеа несреќа на автопат, објави српски „Телеграф“.
Како што изјавиле патниците што биле во возилото, несреќата се случила на пат од Аланија, каде што престојувале туристите, кон Анталија, од каде што летале за Србија.
Како што објавија српските медиуми, во несреќата е оштетена десната страна на автобусот и испукано е стаклото на возилото.
Информацијата за несреќата е потврдена и од туристичката агенција што го организирала летувањето во Турција.
Според медиумите, повредено е едно лице. На патничката ѝ била укажана лекарска помош на самото место.
Агенцијата не соопшти повеќе за идентитетот на повредениот патник.
Туристите наводно скокнале од автобусот низ прозорецот. Објаснуваат дека настанала паника и дека излегле од возилото во страв да не се запали.
Велат дека автобусот прво удрил во столбот, па во банкината.
„Не верувам дека беше пијан возачот, беше пет часот наутро“, вели патник, објави српски Телеграф.
Од агенцијата која го организирала патувањето истакнуваат дека сите патници биле вратени во Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.