Многу обичаи и ритуали се поврзани со овој празник, некаде наречен и Мал Божиќ, за кој се смета дека е крај на Божиќните празници.

Се верува дека на денот на Свети Василиј не треба да се расправате, затоа што во спротивно ќе бидете баксуз цела година, додека во некои делови се верува дека треба да бидете особено претпазливи да не бидете измамени.

Во некои делови се верува дека ако врне снег или е облачно на овој ден, годината ќе биде плодна.

На многу места низ Македонија се крши лепче со паричка, а најсреќниот ќе има година полна со здравје и успеси.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.