Шпанското издание на магазинот „People“ ја прогласи колумбиската пејачка Шакира за најубава жена на светот за 2023 година.

Како што велат, Шакира е „жена која инспирира“, а нејзините квалитети и го донесоа првото место на листата.

Во интервју за шпанското издание на споменатиот магазин, поп-дивата откри дека имало моменти кога нејзиниот свет се срушил и нејзиниот дом се распаднал.

Сепак, откри дека нејзините деца, Милан и Саша, се најголемиот извор на среќа и мотив да продолжи понатаму, да се издигне над неволјите и проблемите што ја снајдоа – вклучувајќи го и разводот со поранешниот фудбалер Жерар Пике.

На годинешната листа на познати уметници се најдоа имиња на познати личности од различни сфери на уметноста, како Ана де Армас, Џенифер Лопез, Талија и Ева Лонгорија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.