Триесетина познати музичари, актери, блогери, водители, писателки беа во улога во модели на Модна ноќ на ѕвездите во Скопје која се одржа во трговскиот центар „Ист гејт мол“, носејќи облека на три бренда; Reserved, Gabbiacci и Sara Fashion.

Честа да ја отвори вечерта ѝ припадна на легендарната манекенка Вера Мештеровиќ во креација на Елена Лука, по која своето деби во улога на модели под блесокот од рефлекторите го имаа музичарите Давид Мука, Даниел Дан, Јана Бурческа и Гоце Маротов, актерите Марија Јанчевска и Валентин Дамчевски, писателката Ксенија Николова, уметникот Бојан Ковски, визажистката Марија Лазарова, тиктокерите Александар Динев и Душан Пауновски, водителите Миро Кацаров Нина Славковска и Анѓела Јакимовска, блогерките Антонија Локвенец и Анастасија Димеска, танчарот Џаст Даниелс итн.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.