Омилената актерка на сите, прекрасната Натали Портман неодамна присуствуваше на ревијата на „Диор“ во Париз.

За таа прилика таа облече прекрасен бел фустан со потпис на споменатата модна куќа, кој е дел од колекцијата есен/зима 2023-2024 година.

Четириесет и две годишната Натали покажа дека нејзиниот стил нема цена, а избраниот фустан можете да го искористите и како венчаница, доколку преферирате покежуал верзија, но и како фустан за специјални пригоди.

Инаку, најновата колекција на Диор, како што пишуваат странските медиуми, е инспирирана од божици, а белите фустани и нежни детали се впечатливи мотиви на целото шоу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.