Во сабота, на 24 февруари 2024 година, во Социјалниот центар Дуња во Скопје, со почеток во 17:00 часот, ќе се одржи работилница за шиење и плетење под мотото Брзата мода убива.

Дали сакате да знаете како се прави облека? Како се шие и плете? Колкаво влијание има блузата што ја носиш врз околината и врз луѓето што ја направиле?

 

Текстилната индустрија е една од најголемите светски индустрии, огромен загадувач на планетата и масовно оружје на капитализмот.

Ќе научиме како се шие на рака и на машина, ќе научиме да плетеме и како да ја избереме облеката што ја купуваме.

 

Потребно е да донесете ваша облека која се скинала и не знаете или немате време да ја закрпите. Не е важно каква облека е, само да е чиста. Не е срам да донесете скината долна облека што сакате уште да ја носите, срамота е залудно да се купува ново секој пат кога нешто скинато/расипано може да се поправи! (за расипан патент пишете ни однапред да набавиме патенти)



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.