На својата вчерашна ревија во рамките на Миланската модна недела, славниот дизајнер Џорџо Армани одлучи презентацијата да ја одржи во тишина, без музика, во знак на почит и солидарност со луѓето кои поминуваат низ тешки моменти за време на руско-украинскиот конфликт.

Мојата одлука да не користам музика на ревијата беше донесена како знак на почит кон луѓето погодени од трагедијата што се одвива“, гласеше изјавата на дизајнерот пред ревијата.

Како што беше најавено, брендот ја организираше ревијата без музика во позадина додека моделите одеа по пистата.

Што би можел да направам? Можев само да го сигнализирам срцебиењето за трагедијата низ тишината. Не сакав да прикажувам со музика. Најдоброто нешто е да испратиме порака дека не сакаме да славиме додека нешто вознемирувачко се случува околу нас, изјави тој за Вог по презентацијата.

Со оваа ревија, Џорџо Армани е едно од првите големи имиња во модната индустрија што зборува за трагедијата во Украина која трае.

Во неговата колекција за есен-зима 2022/23 Армани претстави машки и женски креации, нови модели на фустани, блузи, сакоа, бели комбинезони и цветни дезени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.