Утре е Велики четврток, денот кога рано изутрина, пред да изгрее сонцето се вапцаат првите три јајца, во црвена боја која е симбол на големиот христијански празник Велигден.

Се верува дека првите три јајца треба да се вапцуваат пред изгрејсонце за да не ги види сонцето па затоа, според верувањата, не се расипуваат со години.
Според старите обичаи во зори на Велики четврток треба да се вапца барем едно црвено јајце, кое ја симболизира крвта господова.

– Првото вапцано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце.
– Второто вапцано јајце е за домаќинот на семејството.
– Третото вапцано јајце за бериќет и за стоката.

Ккао што останало од порано, првото јајце се трга настрана бидејќи се верува дека тоа има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата.

Според народните преданија со првото вацано јајце се лекуваат одредени болести.

Според старите обичаи домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапцувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапцува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапцува да биде несреќен и болен.

Домаќинката штом излезат првите сончеви зраци на Велики Четврток, треба да ги буди најблиските и со првото јајце да им помине по лицата со зборовите: црвено, бело, дебело! Вапцувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето, а црвената боја, со која најчесто се бојат јајцата, ја претставува Христовата крв.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.