Од вчера стапи на сила кризната состојба во енергетиката при што Владата ги задолжи сите јавни службеници да штедат струја и потрошувачката да ја намалат до 15 проценти, истото важи и за граѓанкте и домаќинствата.
Имено, тричленото домаќинство годишно троши околу 11 отсто од електричната енергија за готвење, а во ваква криза постојат неколку трикови за заштеда на енергија во кујната кои може сите да ги искористат.
За почеток, ако се користи капак при готвење, топлината не може да избега од тенџерето. Тоа е три пати поефикасно од готвењето без капак, а храната ќе се загрева побрзо.
Енергијата може да се заштеди и со избирање тенџере и тава чии радиуси одговараат на големината на колото. Радиусот на садовите може да биде дури и малку поголем.
Дополнително, може да се заштедат пари и енергија доколку во тенџерето се истури само потребната количина на вода, бидејќи тоа го забрзува процесот на загревање и на тој начин ја намалува потрошувачката на вода и енергија.
Јајцата и зеленчукот може да се зготват на само 2 сантиметри вода – со други зборови, без да бидат покриени со вода.
Последниот совет е за љубителите на тестенини – ставете ги во тенџере додека водата е сеуште ладна. Така тестенините побрзо ќе бидат готови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.