На Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола се одржа семинар на тема „ЕУСАИР и Интерег-ИПА програми: Можности за обравозните институции и локалните заедници“.

Семинарот на едно место ги обедини младите, претставниците од академската фела, универзитетите, локалните заедници, како и претставници на Интерег-ИПА програмите, со цел сите потенцијални корисници на овие програми подобро да се запознаат со стратегиите за регионот и конкретните можности за нивно вклучување, како и да се даде одговор на прашањето „Дали Интерег-ИПА програмите и Стратегијата на ЕУ за јадранскиот-јонскиот регион можат да направат промени за младите во Македонија и како?“.

Европските програми Интерег-ИПА и Стратегијата на ЕУ за јадранско-јонскиот регион (EUSAIR) на младите им нудат можности за вклучување во процесите на носење на одлуки, како и за развивање проекти преку кои ќе може да направат значајни промени во општеството. За подобро запознавање на младите со можносите кои им се нудат, на Факултетот за информатички и комуникациски технологии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, се одржа семинар на тема „ЕУСАИР и Интерег-ИПА програми: Можности за образовните институции и локалните заедници“.

Семинарот на едно место ги обедини младите, претставниците од академската фела, универзитетите, локалните заедници, како и претставници на Интерег-ИПА програмите, со цел сите потенцијални корисници на овие програми подобро да се запознаат со стратегиите за регионот и конкретните можности за нивно вклучување, како и да се даде одговор на прашањето „Дали Интерег-ИПА програмите и Стратегијата на ЕУ за јадранскиот-јонскиот регион можат да направат промени за младите во Македонија и како?“.

 

Со свое обраќање, настанот го отворија Крисела Хацкај, извршен директор на Институтот за соработка и развој од Тирана, Албанија, Проф. д-р. Јасмина Буневска–Талевска, проректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и Жил Кител, тим менаџер во Генералниот директорат за регионална и урбана политика при Европската комисија.

Филип Кулаков, програмски менаџер во НМСМ, изјави „Европските програми имаат големо влијание врз младите, а преку овие настани имаме за цел да ја кренеме јавната свест кај институциите, и на национално и на локално ниво, младите и младинските организации да не гледаат само како крајни корисници, туку се повеќе и како нивни партнери во спроведувањето на проектите за развој на регионот.“

 

На настанот беше истакнат и „Младинскиот манифест“, со кој се потврдува потребата за пошироко вклучување на младите во европските стратегии и програми. Манифестот, објавен од Европската комисија во 2020 година, ги презентира идеите на младите луѓе за Интерег-ИПА програмите и дава предлози за како овие програми подобро да се усогласат со очекувањата и потребите на младите.

 

„Надоврзувајќи се на „Младинскиот манифест“, денешниот семинар има за цел да истражи како поврзувањето на дел од Интерег-ИПА програмите со универзитетите и локалните заедници помага во зголемување на младинската вработливост. Се надеваме дека примерите за тоа како програмите придонесуваат за вработување и подобрување на вештините кај младите ќе отворат простор за дискусија за нови иницијативи кои може да се спроведат во периодот 2021-2027г., како и за истражување на идеи за тоа како да се изгради соработка помеѓу младите луѓе и Интерег-ИПА програмите, преку: пристапност и инклузивност, наменски финансиски средства за активности насочени кон младите, поедноставени повици за предлози како и партнерства помеѓу училишта, универзитети и млади“ – посочи Крисела Хацкај во својот поздравен говор.

Денешниот семинар беше организиран од страна на Институтот за соработка и развој во партнерство со Европската комисија, и во соработка со Националниот младински совет на Македонија, Министерството за локална самоуправа и Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.