Денеска и утре во Домот на културата „Крсте Петков Мисирков“ во Свети Николе и во Центар за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи работилница за дизајнирање на видео игри за основци под менторство на Милан Петровски. 

Работилницата е наменета за деца од 7-мо до 9-то одделение. Идејата е децата да се запознааат со концептите поврзани со дизајнирање на видео игри на забавен и лесно разбирлив начин.

Исто такаутре на 9ти јуни, во соработка со Go Green во Центарот за култура „Никола Јонков Вапцаров“ во Делчево ќе се одржи и предавање за заштита на животната средина за намалување, реупотреба и селекција на отпадВо рамките на предавањето ќе биде претставена еко-иновацијата – мобилна станица за селекција со соларни панели кои ја создаваат струјата потребна за проекцијата на филмот. 

Настаните се дел од проектот „Видеоигротека“, кој се реализира со поддршка од Министерството за култура и Делегацијата на ЕУ. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.