Канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации  – УНФПА во Скопје и Младински образовен форум – МОФ во партнерство со Агенцијата за млади и спорт – АМС, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, организираат одбележување на Меѓународниот ден на младите, што ќе се одржи на 11 август 2023 година во Скопје, во градскиот парк – Школка, со почеток во 19:00 часот.

Настанот е посветен на младите луѓе и има за цел да ги поттикне младите да се вклучат во различни активности наменети за нив, да ги поттикне креативно да се изразуваат и делуваат и да учествуваат во процесите на донесување одлуки. Овој настан претставува одлична можност за промоција на улогата на младите во општественото делување.

Програмата на настанот ги вклучува следните активности:

Отворање на настанот со настап од Алдин Мурати – млад музичар;

Поздравни обраќања:

Моника Сандри, Привремен вршител на работите Постојан координатор на ОН

Наумче Мојсовски, директор на Агенцијата за млади и спорт;

Презентирање на процесот на подготвување на Националната стратегија за млади 2023-2027 година;

Церемонија за доделување на награди за Младинско учество – Агенција за Млади и Спорт (АМС) и Национален Младински Совет на Македонија (НМСМ).

Посета на промотивните штандови на организациите/институциите и

Концерт во изведба на „Гола Планина Колектив“ и “Roma Rock School”.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.