Општина Гази Баба објави јавен повик за финансиска поддршка на млади програмери од територија на општина Гази Баба, објави градоначалникот Бобан Стефковски. Предмет на јавниот повик е финансиска поддршка за ИТ обука до 60.000 денари на млади програмери до 29 години со живеалиште на територија во Општина Гази Баба, согласно со утврдените критериуми во правилникот.
Како што потенцираше Стефковски, цели на јавниот повик за финансирање е финансиска поддршка за обука, усовршување или до-едукација на млади програмери не постари од 29 години со живелиште на територија на општина Гази Баба, во некоја од напредните ИТ области во меѓународно сертифицираните едукативни тренинг центри за ИТ во Република Македонија.
Потикнување на младите програмери слободно да размислуваат и да наоѓаат креативни решенија за проблемите и прашањата со кои се соочуваат.
Да се мотивираат младите програмери кои туку што дипломирале да размислуваат иновативно менувајќи ја нашата локална заедница во различни сегменти на нејзиното функционирање.
Да се охрабрат младите програмери со до-едукација во некоја специфична област да ги препознаат своите способности, да ги усовршуваат своите вештини и да соработуваат во насока на изнаоѓање на иновативни решенија за потребите на локалната заедница.
Ги потикнувам младите програмери да се пријават на јавниот повик, пишува тој.
Со потребните услови може да се запознаете на следниот линк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.