Сите заинтерсирани за студирање во една од далечните и егзотични дестинации, овој петок ќе имаат ексклузивна прилика да присуствуваат на Австралија Експо (Australia Expo) и да ја откријат можноста за квалитетно универзитетско образование во Австралија. Присутните на овој настан, ќе дознаат за бројни опции и можности, а ќе добијат и корисни информации, како и совети, благодарение на кои ќе бидат чекор поблиску до реализирање на сонот за врвно образование.

Австралија Експо (Australia Expo) на 31.05.2024 (петок), со почеток во 18 часот, ќе се одржи во Скопје, во Скопје Мериот Хотел (2 кат). Влезот на настанот е бесплатен.

Резервацијата е на следниот линк: https://forms.gle/ERERVW56CD6NpedA8

Настанот е во организација на Australian Migration Office и со поддршка од Универзитетот Торенс, којшто брои дури десетина различни кампуси низ Австралија, како во Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн, Аделаида, Леура (Сините Планини).

Од 18 часот започнуваат презентациите со корисни совети и важни информации за студирањето на овој универзитет од страна на Игор Велики (Igor Velicky), Area Manager – Europe & CIS при Универзитетот Торенс, а воедно и за процесот на добивање на австралиска виза, од страна на Дејан Трајковски, претставник на Australian Migration Office од Скопје.

Australian Migration Office со седиште во Скопје, е основана во 2005 година и успешно го гради своето долгогодишно искуство во професионална помош при аплицирање за визи за Австралија, вклучувајќи иселенички, студентски, туристички и други визи.

Дејан Трајковски е официјален регистриран австралиски агент за имиграција при канцеларијата за агенти за имиграција во склоп на владата на Австралија (https://www.mara.gov.au/) и е официјален регистриран австралиски агент за образование при QEAC Australia.

Агенцијата Australian Migration Office членува во бројни реномирани институции и организации во Австралија. Членува во Australia Tourism и ја поседува титулата „Aussie Specialist“, а воедно и членува во професионалните асоцијации Алијансата за Миграција (Migration Alliance) и Институтот за Миграција во Австралија (Migration Institute of Australia).

 

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.