В петок, на 31 мај со почеток во 18 часот во Мериот хотел во Скопје на вториот кат ќе се одржи Австралија Експо (Australia Expo). Настанот е во организација на Australian Migration Office и со поддршка од Torrens University Australia, којшто брои дури десетина различни кампуси низ Австралија, како во Сиднеј, Мелбурн, Бризбејн, Аделаида, Леура (Сините Планини).

На настанот ќе бидат презентирани практични информации и совети за студирање при овој универзитет од страна на Игор Велики (Igor Velicky), Area Manager – Europe & CIS при Torrens University Australia, а воедно и за процесот на добивање на австралиска виза, од страна на Дејан Трајковски, претставник на Australian Migration Office од Скопје.

Универзитетот е на 2. место во Австралија за вработување на своите интернационални додипломци во Австралија и низ светот (согласно официјални податоци на QILT, Quality Indicators for Learning and Teaching, 2021). Универзитетот нуди широк распон на студии и факултети за дизајн, здравство, бизнис, угостителство, технологија, образование, англиски јазик, како и повисоки дипломи преку истражувачки проекти. Торенс Универзитетот за сите интернационални студенти, нуди и стипендии, кои покриваат огромен дел од трошоците за студирање на било од кампусите во Австралија.

Овој настан првпат се реализираше во 2016 година и на сите заинтерсирани љубители на студирањето, патувањето, инвестирањето и живеењето во Австралија, им понуди бројни опции и можности, како и корисни и практични информации и совети за кои се чекорите за реализација.

Дејан Трајковски е официјален регистриран австралиски агент за имиграција при канцеларијата за агенти за имиграција во склоп на владата на Австралија (https://www.mara.gov.au/) и е официјален регистриран австралиски агент за образование при QEAC Australia.

Агенцијата Australian Migration Office членува во бројни реномирани институции и организации во Австралија. Членува во Australia Tourism и ја поседува титулата „Aussie Specialist“, а воедно и членува во професионалните асоцијации Алијансата за Миграција (Migration Alliance) и Институтот за Миграција во Австралија (Migration Institute of Australia).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.