На социјалните мрежи се шири видео од кино во Бразил на кое две жени се расправаат, а потоа се степале на крајот од прикажувањето на хит филмот Барби.

Едната од нив дошла во кино со своето дете, кое наводно гледало видеа на Јутјуб на својот мобилен телефон во текот на целиот филм. Тоа им пречело на луѓето во киното, а една жена ја предупредила. Набрзо почнала тепачка, а едната потоа дошла до другата и ја удрила толку силно што втората паднала на седиштата.

Тепачката ја прекинал еден човек додека збунетите посетители стоеја да гледаат што се случува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.