Фатима Мадригал од Калифорнија родила близнаци со разлика од 15. минути. Првото бебе е родено на 31. декември 2021. година во 23:45 часот, а второто само 15. минути подоцна, на 1. јануари 2022. година.
Близнаците се родени во Медицинскиот центар Навидад во Калифорнија.
„Ајлин Јоланда Трухило е првото бебе родено во 2022. година во Салинас. Нејзиниот брат близнак Алфредо Антонио Трухило е роден 15. минути порано, во 23:45 часот на 31. декември. Тоа значи дека нивните родендени паѓаат во различни денови, месеци и години – шансите за тоа беа 1 на 2 милиони“, се вели на Твитер профилот на болницата.

Во изјава за магазинот People, Мадригал рекла: „Лудо е што се близнаци и имаат различни родендени. Изненадена сум и среќна“.
Докторот др. Ана Абрил Аријас рекла дека ова е еден од најнезаборавните моменти во нејзината кариера.
Сличен случај се случил и во Индијана кога една жена го родила своето прво дете на 31. декември 2019. година, а второто на 1. јануари 2020. година, со разлика од 30. минути.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.