Лекарите морале да отстранат залутан куршум од клиторисот на 24-годишна жена, откако случајно била застрелана, пишува „Дејли мејл“.
Жена од Сомалија била итно пренесена во болница со силни болки откако куршум од два сантиметри поминал низ таванот додека седела во својата дневна соба. Таа пристигнала во болница еден час по повредата.
Снимките откриле дека куршумот бил сместен во нејзиниот клиторис откако бил испукан во нејзината вулва и морало да се отстрани со операција.
Записите од нејзината повреда беа објавени во International Journal of Surgery Case Reports, бидејќи според лекарите што ја спасија ова е прв ваков случај во светот.
По пристигнувањето во болница, жената на гинеколошкиот тим му рекла дека седела во нејзината дневна соба кога залутан куршум прелетал низ таванот. Други детали за овој инцидент не се познати, а не е познат ниту датумот кога се случил.
Лекарите под локална анестезија го извадиле куршумот, а жената следниот ден била пуштена дома. На последователниот преглед еден месец подоцна се било во ред и не биле забележани никакви дополнителни компликации.
Причините за траумата на вулвата обично се повреди поврзани со спорт или повреди од паѓање при прескокнување на ограда, додека повредите на вулвата од огнено оружје се исклучително ретки, велат лекарите и додаваат дека било потребна посебна грижа за да се избегне оштетување на уретрата и карличната област.
Повредите од заскитани куршуми се вообичаени во станбените области во земјите зафатени од војна, како што е Сомалија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.