Поранешен австралиски воспитувач (45) е обвинет дека сексуално злоставувал 91 дете, го снимал злоставувањето и снимките ги објавувал на интернет.

Полицијата вели дека мажот 15 години ловел млади девојки во десетина центри за згрижување во Австралија и во странство. Тој бил уапсен во август 2022 година, но на полицијата и требаше една година да ги истражи и идентификува жртвите, јави Би-би-си.

Властите во Австралија велат дека тоа е еден од најужасните случаи што некогаш ги виделе. Поранешниот воспитувач се соочува со 246 точки од обвинение за силување и 673 точки од обвинението за сексуална злоупотреба на деца.

Поради ваквите обвиненија 45-годишникот би можел да добие максимална казна – доживотен затвор.

Мажот се соочува и со стотици обвиненија за снимање и дистрибуција на материјал за злоупотреба на деца. Полицијата тврди дека тој ги снимал сите злоставувања, а на неговите електронски уреди биле пронајдени 4.000 фотографии и видеа.

Злоставувањето се случилувало во 10 центри за згрижување деца во Квинсленд и еден во Нов Јужен Велс. Зборувајќи за медиумите, австралискиот федерален полициски комесар Џастин Гоф рече дека случајот е длабоко вознемирувачки за заедницата.

Идентификувани се 87 деца од Австралија кои биле злоставувани и контактирани се нивните семејства. Австралиските власти сега работат со меѓународни колеги за да контактираат со другите четири жртви.

Инспекторите велат дека го уапсиле мажот откако успеале да ја идентификуваат позадината што се појавува на видеата. Станува збор за еден од центрите за згрижување деца каде што работел како воспитувач.

На 20 август 2022 година, австралиската федерална полиција извршила рација во домот на 45-годишниот во градот Голд Коуст и заплени електронски уреди што содржеле материјал за злоставување деца што тој го снимил.

Тој бил пријавен во полицијата во Квинсленд двапати претходно, во 2021 и 2022 година, но истражителите не нашле доволно докази за да дејствуваат, соопшти полицијата.

Обвинетитот треба да се појави пред судот во Бризбејн на 21 август



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.