Британскиот крал Чарлс Трети следната недела ќе замине на болничко лекување. Веста доаѓа по веста дека Кејт Мидлтон била примена во болница во Лондон и била оперирана, соопшти Кенсингтонската палата.

Родителите на Кејт, Керол и Мајкл, како и сестра и Пипа и братот Џејмс прискокнуваат на помош, поместувајќи ги сите свои обврски, како би биле крај принцезата од Велс за време на нејзиното закрепнување во Виндзор и како би помогнале околу децата, Шарлот, Џорџ и Луи.

Принцот Вилијам ги откажал своите службени должности додека Кејт е во болница, но и подоцна додека закрепнува. Принцезата ќе биде на болничко лекување 14 дена, а лекарите советуваат да мирува два до три месеци после тоа.

Инаку кралот Чарлс оди во болница на лекување на зголемена простата, и ќе биде опериран, поради што му доцнат службените обврски, пишува Дејли Мејл.

„Како илјадници мажи секоја година, кралот бараше третман за зголемена простата. Состојбата на неговото височество е бенигна и тој ќе оди во болница следната недела на корективна процедура. Јавните ангажмани на кралот ќе бидат одложени за кратко време додека тој закрепнува“, соопшти Бакингемската палата.

Иако нивото на детали за здравствениот проблем на Чарлс е невообичаено, кралските извори рекоа дека тој сакал да сподели детали за неговата дијагноза за да ги охрабри другите мажи кои можеби имаат симптоми да се проверат, во согласност со советите за јавно здравје.

Кралот имаше низа состаноци и настани планирани во куќата на Дамфрис за утре и петок, кои сега се одложени по лекарски совет.

Пред веста дека британскиот монарх ќе оди на операција, од Кенсингтонската палата стигна веста дека принцезата од Велс е во лондонската клиника во Мерилебон. Кејт Мидлтон ќе го продолжи опоравувањето во својот дом во Виндзор, Беркшир. Како што пишува Дејли Мејл, се подразбира дека причината за болеста не е рак.

Кејт Мидлтон вчера беше примена во болница на планирана операција на абдоменот, која беше успешна.

Таа побара разбирање и нејзина желба е деталите да останат приватни. Принцот Вилијам ќе се грижи за семејството и ќе ги одложи службените обврски. „Посакувам на принцезата од Велс брзо закрепнување од операцијата на абдоменот. Не ги знаеме деталите, но очигледно е сериозно бидејќи ќе биде во болница две недели и ѝ требаат до три месеци да закрепне“, изјави судскиот експерт Фил Дампиер.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.