Принцезата од Велс Кејт Мидлтон конечно се појави во јавност, но Британците и светот сè уште не се сосема сигурни дали ја виделе вистинската принцеза.

Она што дополнително стана главна тема ретходните денови е скандалот поврзан со болницата во која лежела Кејт по мистериозна операција во пределот на стомакот.

Според странските медиуми, во болницата дошло до нарушување на безбедноста во болницата откако дел од персоналот бил обвинет дека се обидел да пристапи до нејзините приватни медицински досиеја.

Поради ова е покрената истрага.

Ова е големо нарушување на безбедноста и неверојатна загуба за болницата, со оглед на нејзината беспрекорна репутација за лекување на членовите на кралското семејство. Раководителите на болницата ја контактирале Кензингтонска палата веднаш откако инцидентот бил откриен и увераат дека ќе биде спроведена целосна истрага. Целиот медицински персонал е вознемирен од наводите. Засега има сомненија дека доста почитуван колега е одговорен за ова нарушување на довербата и етиката, изјави извор за „Мирор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.